СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на чело со дезинформаторот Мицкоски се уште е заглавена во режимската матрица на деструктивно однесување

пред 5 месеци

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од потврдениот дезинформатор Христијан Мицкоски во очај и паника, продолжува со хајки, напади и конструкции.

Уште еднаш потврдија дека се заглавени во режимската матрица и за кредибилната студија, која ги нотира како главни извори на дезинформации, сметаат дека е виновен Сорос, како што за време владеењето на почесниот бегалец од правдата Сорос беше виновен за се“, велат СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија неспособна да преземе одговорност за своите постапки, за своето деструктивно делување на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните.

Опозицијата треба да запре со труењето на општеството, треба да престане со лажни вести, опасни тези со кои поттикнуваа омраза и поделби во јавноста, бидејќи вистината секојдневно ги демантира.

Во студијата на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се препознаени како главен извор на дезинформации, но граѓаните одамна им ги прочитаа лагите, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Share

AnimeHeaven weathering with you animeheaven: The Misfit of Demon King Academy (Dub) (https://animeheaven.pro/m/y2Xo) Episode 13

KissAnime kissanime real website: Horimiya Episode 13

Scroll to Top