СДСМ по вечерашната седница на Извршниот комитет се очекува да објави дваесетина кандидати за градоначалници

пред 2 месеци

Владејачката СДСМ вечерва ќе одржи седница на Извршниот одбор на која треба да бидат потврдени првите дваесетина кандидати за градоначалници на локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. По седницата се очекува во изјава за медиумите да бидат соопштени првите официјални кандидати за градоначалници.

Засега во јавноста беше потврдено дека за градоначалник на Скопје повторно ќе се кандидира Петре Шилегов, претседателот на СДСМ Зоран Заев на локален настан во Валандово објави кандидатура на тамошниот актуелен градоначалник Перо Костадинов, а според информации во партијата извесно е дека повторно кандидати за градоначалници ќе бидат кандидирани и актулените први луѓе на Ресен и Крушево. Иако се појавија некои информации во јавноста за кандидати за Скопје, од партијата велат дека е рано да се соопштат кандидатите за градоначалници на скопските општини.

СДСМ во изминатиов период го засили присуството на терен, преку маалски средби и граѓански трибини, под слоганот „Најдоброто“.

На неодамнешниот брифинг со новинарите генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски посочи дека СДСМ е фаворит на изборите, и ако на тоа се додаде коалицискиот капацитет јасно е дека партијата ќе биде победник на изборите.

-Наши партнери во Владата се ДУИ и ДПА и очекувам на ниво на лидери да се случи средба на која ќе се дефинира принципот на соработка за локалните избори, посочил на брифингот со новинарите Николовски.

Според него, СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда. До 1 јули во СДСМ биле пријавени 562 кандидати за градоначалници и 4.530 кандидати за советници. Од партијата најавуваат дека кандидатите ќе ги објавуваат во три фази, во зависност од завршувањето на анкетите и анализите.

Share

https://animefreak.ws watch anime free

WCOStream: You're Under Arrest The Movie anime episode Full online free at https://wcostream.cc wcostream dragon ball

AnimeFLV: My Hero Academia: Heroes Rising (Dub) anime episode Full online free at https://animeflv.uk gogoanime

Love Hina (https://animetv.cc/m/O2z) Episode 25

Thingiverse: https://www.thingiverse.com/animefreakws

Tune: https://tune.pk/user/gogoanimebe/about

Scroll to Top