Се бара притвор за одгледувачот на домашен канабис

Се бара притвор за одгледувачот на домашен канабис

пред 2 месеци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во домот на осомничениот 50-годишник во селото Страчинци, полицијата пронашла 3 откорнати растенија и 99 пресечени, превиткани и исушени гранчиња канабис, како и 41,4 грама марихуана.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Текстот Се бара притвор за одгледувачот на домашен канабис е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top