Се размислува за нова вонредна состојба и полициски час поради есенскиот бран на коронавирусот

пред 11 месец

Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за прогласување нова вонредна состојба и воведување полициски час, вели за „А1он“ Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје и член на Комисијата за заразни болести. Зголемените бројки на новозаразени во есенскиот бран, Стојанов вели дека се резултат на масовното непочитување на мерките.

„Сите опции се ставени на маса. Размислуваме и за нова вонредна состојба и за полициски час. Тоа се мерките кои можеме да ги препорачаме доколку се продолжи со ова темпо. Дали и кога ќе ги препорачаме зависи од исполнетоста на болниците. Сите болници веќе се полнат, но се уште има слободни места, а ја имаме и монтажната болница“, вели директорот Стојанов за „А1он“.

Тој апелира да се носат маски оти, засега, нема друга алтернатива за заштита од вирусот, но разочаран е од олабавениот однос на граѓаните кои во секој момент може да станат пациенти.

„Сведоци сме дека други земји ги затвораат кафеаните, еве на пример Белгија, а ние се соочуваме со притисоци од угостителите поради мерките што ги предлагаме. Сведоци сме и дека цело лето не се почитуваат мерките. Имаше групирања, неносење маска, а исто е и сега. Не носат маска додека се на работа, велат колеги им биле, а протоколот е јасен – маска треба да се носи и на работа“, вели директорот Стојанов.

Поради широката распространетост на вирусот Стојанов вели дека веќе одамна нема кластери кои може да се следат. Единствен кластер во моментов се шесттемина позитивни пациенти во Психијатриската болница Бардовци за чии контакти веќе се направени епидемиолошки анкети и одредени изолации.

„Насекаде гледаме групирање. Без разлика дали е по автобуси, на автобуски постојки, пред банки, на Зелен пазар, на свадби или по слави, а најголем е проблемот во Скопје“, објаснува директорот Стојанов.

Во Скопје, според вчерашните бројки, има 1969 активни заразени со кронавирус. Вкупната бројка на активни случаи во земјава е 4236.

Вчера беа регистрирани рекордни 445 новозаразени за едно деноноќие.

Share

Trickster (Dub) (https://animetv.cc/m/pY1p) Episode 24

Website https://twistmoe.net: Watch Free! - Eternal Summer (Dub) twistmoe Episode 13 free anime online

Website https://aniwatch.pro: Watch Summer Storm! Open for Business aniwatch Episode 13 anime sites

Website https://4anime.biz: Watch The Boy and the Beast 4anime Episode Full toilet bound hanako kun 4anime

Gfycat: https://gfycat.com/@gogoanimelol

Kissanimemx edublogs: https://kissanimemx.edublogs.org/

Scroll to Top