Во тетовската полиција било пријавено дека ноќеска од Клиничката болница во Тетово едно лице дошло и без одобрение го зело телото на својата мајка почината од Ковид-19.
Според информации од полицијата, ноќеска десетина минути по полноќ, вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека петнаесетина минути пред тоа, едно лице дошло, го зело и потоа во возило “форд“ го ставило телото наводно на неговата мајка, а која претходно починала од „Ковид -19“ и со возилото се оддалечило од местото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, велат надлежните.