Снабдувачите очајни: Не спиеме навечер од пациенти кои молат да им донесеме кислород, сè што доставуваме се троши за миг

пред 7 месеци

Граѓаните на секаков начин се обидуваат да дојдат до боца кислород за која сметаат дека може да им го спаси животот на нивните најблиски, заразени со Ковид – 19. Дел од снабдувачите за „А1он“ велат дека секојдневно имаат се поголем број повици за пациенти во болниците кои молат за боца кислород. Откако почнал есенскиот бран велат дека имаат три до четирипати повеќе работа во споредба со периодот пред пандемијата, поради што речиси и да немаат одредено работно време.

„Ве молам помогнете, најдете кислород за татко ми, да издржи оваа вечер“, со вакви и слични молби од загрижени граѓани, чии најблиски се хоспитализирани, се соочуваат снабдувачите со кислород и дење и ноќе.

„Боците кислород се трошат за миг откако ќе ги доставиме, а се случува да доставуваме во една иста болница и по неколкупати во денот. Како што расте бројот на заболени, така расте и потребата за кислород којшто е неопходен за нивно лекување. Секојдневно водиме битка за спасување на нечиј живот“, вели за „А1он“ еден од снабдувачите.

Од Министерството за здравство уверуваат дека во сите инфективни оддели во клиничките и во општите болници во земјава кислородна поддршка им е достапна на пациентите кои имаат потреба за тоа. Сите општи и клинички болници кои имаат оперативен програм имаат централен довод на кислород, велат од Министерството, а дополнително секоја болница располага и со кислородни боци. Кај нив никој не се пожалил од недостиг на кислородни боци.

На прашањето зошто се дозволува пациенти сместени во болница да молат за кислород, од Здравство немаат конкретен одговор, но велат дека официјално никој не се пожалил.

„Потребата дали и колку кислород да се даде на пациент не ја одредува пациентот, туку лекарот кој се води од протоколите за лекување. Давањето на кислород, ако за тоа нема потреба, може да предизвика дополнителни и тешки компликации. Доколку има случај да не се постапува според протоколите за лекување, тој треба да се пријави во ДСЗИ. Во моментов таква претставка нема стасано до Инспекторатот“, одговараат од Здравство.

Од таму потврдуваат дека побарувачката на кислород е зголемена, но не кажуваат колкаво е зголемувањето.

„Потрошувачката на кислород во болниците секако е зголемена затоа што се лекуваат дополнителен број пациенти кои имаат потреба од кислородна терапија. Во однос на тоа колку кислород се троши на дневна основа, сето тоа зависи од бројот на хоспитализирани кои имаат потреба од кислород, потоа од начинот на кој тој кислород им се дозира, дали се на маска, на инвазивна или на неинвазивна вентилација. Министерството за здравство добива дневни извештаи за состојбата со овие болни, но податоците се менуваат од ден на ден“, велат од Министерството за здравство.

Додека Министерството чека официјална претставка дека пациент моли за кислород и не добива соодветна грижа, ќерка на 41 – годишна штипјанка која починала по компликации од Ковид – 19 вчера ги објави пораките со кои нејзината мајка пред да почине од докторите барала боца кислород пред да почине, а претходно била на кислородна поддршка. Од Министерството велат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментот спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај, а случајот го истражува и штипската болница во која починала 41 – годишната пациентка.

Вчера во болниците ширум земјата Министерството за здравство регистрираше вкупно 1.111 пациенти на болничко лекување. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека најголем дел од нив се на кислородна поддршка.

Share

AnimeTV demon slayer animetv: Watch Horimiya Episode 11

WCOStream close enough wcostream: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 20

Scroll to Top