Состанок на надлежните министерства и општини за дозволите за ковид центрите

пред 10 месеци

Работни тимови од министерствата за транспорт и врски, и за здравство, и од неколку општини, денеска ќе имаат состанок во однос на дозволите за работа на ковид центри. Во Министерството за транспорт е формирана и работна група која го разработува најдоброто можно решение за тоа кои дејности во надлежност на овој ресор би биле ослободени од работа во недела, а со што ќе се одговори на барањето од Министерството за труд и социјална политика кое е носител на проектот за неработна недела

Ресорниот министер Благој Бочварски очекува наскоро да има одредени нови информации коишто се значајни за прашањето со дозволите.

Важно е, како што изјави, што во Собранието ги донесовме измените во Законот за градење каде што ги олеснуваме сите постапки за поставување на монтажните ковид центри и болници. На Министерството за здравство му дадовме можност, уште една алатка како побрзо да работи и да ги поставува ковид-центрите со цел заштита на здравјето на граѓаните, наведе Бочварски, во одговор на новинарско прашање.

Во консултација со сите што се засегнати, како што рече, сакаат да одберат решение за ослободување од работа во недела, кое ќе биде најдобро и за граѓаните и за бизнис секторот и нема да го попречи неговото функционирање.

-Формиравме работна група за да се донесе најдоброто решение, но ниту можеме, ниту сакаме сами да ја донесеме таа одлука. Ќе ги направиме сите консултации со коморите, стручните служби, со сите засегнати страни што припаѓаат во секторот транспорт и врски со цел да донесеме одлука којашто ќе биде најповолна за граѓаните и бизнис секторот, апритиоа да не предизвикаме некаки последици во однос на функционирањето на бизнис секторот. Транспарентни сме, ќе разговараме и тоа што е најповолно и најприфатливо и за Министерството и за оние кои работат на терен и го движат секторот и домашната економија дека ќе ја информираме јавноста, рече Бочварски.

Share

Watch The Legend of Condor Hero (Dub) Episode 26

Watch anime online for free at Animepahe watch anime free

Website https://animetv.cc: Watch Legend of Kung Fu Rabbit animetv Episode Full anime tv shows

Website https://animefreak.ws: Watch Otona Joshi no Anime Time animefreak Episode 4 animefreak one piece

Bigpictureclasses: https://www.bigpictureclasses.com/users/kissanimemx

V: https://v.gd/ir0JQi

Scroll to Top