Спасовски очекува МВР в понеделник да излезе со став за Предлог-законот за државјанство

пред 9 месеци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува веќе в понеделник МВР да излезе со став во однос на Предлог-законот за државјанство предложен од пратеници во Собранието.

Спасовски на денешната прес-конференција информира дека вчера во МВР го добиле на мислење овој законски предлог, а експертите од оваа област го разгледуваат и ќе дадат мислење во однос на ова законско решение, по што ќе биде упатено до Собранието.

На прашањето до каде е постапката за добивање државјанство на лица кои го немаат и колкав е нивниот број во нашата држава, Спасовски информриа дека се работи на детектирање на сите пропусти и слабости на постојното законско решение и што може да се подобри за да може граѓаните да ги остварат правата на државјанство.

– Имаме одредени проценки во однос на бројот на лица кои немаат државјанство, но тоа не се детални бројки заради тоа што кога ќе се отвори тој процес, ќе имаме пријава на граѓаните кои немаат државјанство во Северна Македонија. Кога ќе биде комплетно во делот на праваната регулатива и потребата од измена на законското решение, во детали ќе образложиме како и на кој начин ќе се измени Законот и за новите моменти што ќе овозможат добивање државјанство на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена во МВР.

Share

Website https://4anime.biz: Watch Chou Deneiban SD Gundam Sangokuden Brave Battle Warriors 4anime Episode Full anime sites

Website https://animeflv.uk: Watch Free! Movie 2: Timeless Medley - Yakusoku animeflv Episode Full animeflv

Tengen Toppa Gurren Lagann: Parallel Works Episode 8

AnimeKisa Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Doyoubuzz: https://www.doyoubuzz.com/animefreak-animefreakws

Dogforum co: https://dogforum.co.uk/members/animefreakws.103793/

Scroll to Top