Средба Димитров – Томан: Силна поддршка од Чешка за нашата европска иднина

пред 5 месеци

Отворената и јасна чешка поддршка за нашиот евроинтегративен пат е поддршка за сигурноста, стабилноста и просперитетот на целиот регион, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски пршања, Никола Димитров на средба со амбасадорот на Чешка во земјава, Мирослав Томан.

– Благодарни сме на Чешка и на Вишеградската група за нивната ангажираност Западниот Балкан да биде дел од европското семејство, истакна Димитров.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на средбата на која беа реафирмирани одличните билатерални односи и силната поддршка за нашата европска иднина, Димитров се заблагодари и за помошта добиена во контекст на пандемијата и беа разгледани можностите за заеднички пристап во борбата против социо-економските последици.

– Соговорниците за време на средбата се осврнаа и на исполнувањето на реформската европска агенда на земјава, заеднички беше констатирано дека Северна Македонија оствари значителен напредок во спроведување на потребните реформи и унапредување на добрососедските односи, што беше нотирано и во неодамнешниот Извештај на Европската комисија, се наведува во соопштението на СЕП.​​

Share

Haikyuu!!: To the Top 2nd Season Episode 12 at Funimation sword art online season 3 english dub funimation

Kyokou Suiri 2nd Season Episode Preview at website https://crunchyrollfree.com. See more watch crunchyroll free

Scroll to Top