Во петокот уште две пациентки со цистична фиброза го примија лекот „трикафта“.
Тие во моментот, како што информираат од Министерството за здравство, се наоѓаат на Клиниката за детски болести и нивната здравствена состојба е стабилна.
Во новата година пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот, се вели во објавата на „Фејсбук“.
Според најавите на Министерството, во текот на утрешниот ден уште на двајца пациенти ќе им биде дадена „трикафта“, со што бројот на лица што го примаат овој лек ќе се искачи на 16, а во следниот период најавено е повеќе пациенти етапно да се вклучуваат на терапија.
Текстот Уште две пациентки со цистична фиброза примија „трикафта“ е превземен од МАКФАКС.