Филипче: Лабораториите работат во три смени, се бара решение за повеќе термини

пред 8 месеци

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека лабораториите во земјава се оптоварени од налетот на есенскиот бран на епидемијата на Ковид-19, но дека работат со полн капацитет додека здравствените власти бараат решение за отворање на повеќе термини.

„Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини. Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата,“ напиша вечерва Филипче на својата страница на Фејсбук.

Денеска во Македонија беа регистрирани 518 нови случаи на пациенти заразени со коронавирус, од направени 2.367 тестирања. Од компликации поврзани со Ковид-19 починаа уште девет лица, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 883.

Share

4Anime 4anime death parade: Black Clover (https://4anime.biz/m/rm86) Episode 170

AnimeDao ahiru no sora animedao: Watch Death Note (Dub) Episode 12 (https://animedao.nl/m/3DA0/ep-12)

Scroll to Top