На граѓанската трибина во Демир Хисар, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека за реализација на програмата и визијата која ја која ја нуди СДСМ за општина Демир Хисар, го имаат најдобриот кандидат за градоначалник, Златко Кузмановски.
„Верувам, и стојам одговорно зад тоа, дека Златко ќе ја води општина Демир Хисар чесно, со интегритет и со почит кон секој граѓанин. Тој ќе отвори нова страница за Демир Хисар, страница на развој, можности и напредок“, рече Филипче.
Тој додаде дека Кузмановски е народен човек, кој е постојано меѓу своите сограѓани и дека ги разбира нивните потреби и секојдневни предизвици.
Текстот Филипче: Со Златко Кузмановски Демир Хисар отвора нова страница на развој и напредок е превземен од МАКФАКС.






