Шахпаска: Законот за заштита од насилство врз жените и семејното насилство е во собраниска процедура

пред 9 месеци

Министерката за труд и социјална политика јагода Шахпаска вечерва на трибината „Молкот не е решение“ посветена на активизмот против насилството врз жените и семејното насилство во организација на Форумот на жени на СДСМ, најави дека Законот за заштита и превенција на насилство врз жените и семејното насилство е изработен и се наоѓа во собраниска процедура.

Изрази очекување дека ова законско решение ќе ги обедини како власта, така и опозицијата затоа што кога говориме за насилството врз жените ние не говориме за партиска ниту политичка определба затоа што насилството не познава ниту имотен, ниту општествен статус, ниту образовен статус, ниту вера, ниту религија. Едноставно е негативна појава која што е присутна насекаде во светот.

Секоја година со одржувањето на ваквите настани, на ваквите трибини, потенцира таа, придонесуваме за подигнување на свеста за препознавање на насилството како негативна појава и за негово санкционирање.

– Насилството врз жените произлегува од традиционалната улога што жената во нашето општество ја има, односно подредената улога кога говориме за распределбата на моќ. Жената е таа која што традиционално се грижи за болните, немоќните во семејството, жената е таа што се грижи за децата, жената е таа којашто најчесто отсуствува од пазарот на труд, а мажот ја има доминантната улога во семејството. И оттука, оваа доминација, оваа неправедна распределба на улогите како во семејството така и во општеството можеме да се пофалиме дека како СДСМ, пред се благодарение на нашиот претседател којшто овозможи да ги градиме политиките каде жените и мажите ќе бидат на еднакви основи, по еднаков број застапени не само во креирањето на политиките, меѓутоа и во носењето на одлуките. Ние сме прва политичка партија, како што кажа премиерот, каде родовиот баланс се воспоставува не само декларативно, туку конкретно и во праксата, рече Шахпаска.

Говорејќи за Предлог-законот, информира дека се предвидува сет на превентивни мерки коишто секоја институција треба да ги преземе пред се за препознавање на насилството врз жените и родово базираното насилство, меѓутоа и за покренувњае на кампањи што треба да ја подигаат општата свест за препознавање и на последиците од насилството. Истовремено треба да се објавуваат информации за мерките за безбедност и заштита од насилството.

– Законот предвидува брзо и ефикасно постапување на сите институции во општеството. Еден мултидисциплинарен, еден координиран институционален одговор на секаков облик на насилство. Насилството може да биде не само физичко, психичко насилство, сексуално насилство, присилен абортус, па се до најтешкиот и најеклатантен пример тоа е убиство на жената, рече таа..

Според неа, мора како институции координирано да се настапува.

– Тука пред се говорам не само за МТСП кое што се наоѓа во центарот на креирањето на политиките за препознавање и постапување со насилството, туку мислам на МВР кое што претставува нашиот партнер во пристапувањето во семејствата каде што се случува насилството, помагање на жртвата. Мислам на Министерството за здравство каде што полициските службеници и социјалните работници најчесто ја упатуваат жртвата за пружање на првата помош, но пред се и над се говорам за превентивните програми и мерки коишто треба да бидат составен дел на образовните програми коишто МОН ги креира со цел за описменување на нашата најмлада генерација за препознавање на насилството, работа заедно како на наставниците така и на родителите за дефинирање на насилството како негативна појава, рече во обраќањето министерката Шахпаска.

Како новина, информира, законот воведува физички и правни лица да го препознаат насилството, меѓутоа и да постапат доколку се сведоци на случка, на настан, на навестување или на случување на насилство врз жените. Доколку тоа не го направи жртвата на насилството може да поднесе тужба, а тој што не постапил со должно внимание, најави, го сноси товарот како на судските трошоци така и на докажување на својата невиност. Законот предвидува итни мерки и мерки за заштита, што предвидуваат после утврдување на насилството, после полицискиот извештај од страна на полицискиот службеник до судот, судот без одржување на рочиште итно во рок од 24 часа носи одлука за отстранување на сторителот од домот. Неговото отстранување може да биде од 10 до 30 дена.

Истовремено како МТСП, информира, организираме сет на мерки и услуги коишто треба да овозможат привремен престој за жените жртви на родово базирано насилство, на нивните деца, понатаму на жртвите со трговија на луѓе, жртвите на сексуално насилство.

– Откако жената жртва биде отстранета од домот, бива сместена во засолниште, на неа и помага екипа на стручни лица како социјални работници, така психолози, давајќи психосоцијална поддршка, овозможувајќи и во тој престој во засолништвото кое што може да трае 3, 6 па се до 12 месеци да посетува обуки и дури да и се овозможи вработување согласно со закон. Истовремено во тој период нејзините деца имаат поддршка од страна на наставници коишто им овозможуваат да не отсуствуваат од образовниот процес, рече на трибината „Молкот не е решение“ Шахпаска.

Во тек, т.е. во државата постои СОС-линија на која што ќе може да се пријави секој облик на насилство врз жените.

МТСП во соработка со граѓанскиот сектор и во соработка со УНДП изработи и апликација на која што може да се пријавуваат жртвите на насилство. Тоа е мобилна апликација која што ќе биде промовирана веќе во месец декември со цел помагање на жртвите на насилство, меѓутоа и поддршка на жртвите во моментот кога се случило насилството.

Share

4Anime: Drifters: The Outlandish Knight anime episode Full online free at https://4anime.biz 4anime death parade

AniWatch: Kokuhaku anime episode Full online free at https://aniwatch.pro anime

Anime Twist - Watch anime online, English anime onlineAnime Twist - HD anime for free | TwistMoe

AnimeFLV Watch english anime Online in HD for FREE

Turnkeylinux: https://www.turnkeylinux.org/user/1539007/track

Wakelet: https://wakelet.com/@gogoanimelol

Scroll to Top