Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес оствари средба со амбасадорката на Романија во Република Северна Македонија Адела Моника Аксинте. На средбата се разговараше за унапредување и интензивирање на билатералната соработка во делот на образованието и науката.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Со пријателска Романија и сега бележиме успешна образовна соработка. Посебно сакам да нагласам дека многу наши млади луѓе користат стипендии за додипломски, магистерски и докторски студии на државните универзитети во Романија. Ја запознав амбасадорката и со идните активности, планови и приоритетите на Министерството, насочени кон создавање квалитетно инклузивно образование за секое дете “,посочи по средбата министерот Шаќири.
Двајцата соговорници се согласија дека има заеднички интерес за натамошно проширување на поддршката и размена на искуства во образованието и науката, како најсилни механизми за забрзан раст и развој на државите и докажани начини за создавање блиски релации меѓу народите од двете земји.