Шест лица со лажни ПЦР-тестови фатени на скопскиот аеродром

пред 16 часа

Шест лица од четири држави вчера биле затекнати на скопскиот аеродром, приложувајќи фалсификувани ПЦР-тестови.

Во првиот случај, приведени се Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, Тетовско.

Со лажен ПЦР-тест вчера се обидела да ја премине границата и 21-годишнна девојка од Казахстан, како и двајца косовски државјани.

Фалсификуван тест на аеродромот доставил и 50-годишник од Турција.

Сите тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top