Апсења поради тешка кражба во маркет во Ѓорче Петров

пред 3 години

По претходно добиена судска наредба во врска со извршена тешка кражба, полициски службеници од подрачјето на општина Ѓорче Петров, на 26 ноември извршиле претреси во Скопје и селото Кондово.

Притоа уапсени се скопјанецот Е.Б. (22) и 21-годишниот жител на Кондово, С.С.

Претходно, на 19 месецов во полициска станица бил повикан А.А. (24) од селото Љубин.

Oд МВР информираат дека станува збор за акција во врска со тешка кражба извршена во маркет во Ѓорче Петров на 19 ноември, од каде биле одземени пари.

Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

 

Share
Scroll to Top