Бомби-кашикари пронајдени во кумановско

пред 3 години

На стариот пат кон с.Лопате, кумановско, вчера попладне биле пронајдени пет бомби-кашикари како и две рамки за автоматска пушка(завиткани во најлонска кеса), кои најверојатно потекнуваат од конфликтот од 2001 година.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а бомбите се подигнати од служба од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top