Борисов негативен на коронавирус: „Ќе го пречекам Заев и ќе го одржам Самитот“

пред 3 години

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов соопшти дека добил негативен резултат на вториот ковид-тест, и денеска ќе го пречека македонскиот премиер, Зоран Заев на Самитот на Берлинскиот процес во Софија.

„Негативен сум на Ковид-19, покажа вториот последователен тест. Во согласност со наредбите на здравствените власти, ќе го пречекам премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и ќе го одржам Самитот на Берлинскиот процес“, напиша Борисов.

Отрицателен съм за COVID-19. Това показа втори пореден тест. В съответствие със заповедите на здравните власти мога да…

Posted by Boyko Borissov on Tuesday, November 10, 2020

Заев утрово замина за Софија каде заедно со Борисов ќе претседава со Самитот. Свои обраќања ќе имаат канцеларката на Германија Ангела Меркел, на чија иницијатива започна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ.

На пленарната сесија на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес се очекува да земат учество лидерите на земјите од Западен Балкан како и заменик-претседателот на Европската комисија Борел и еврокомесарот за соседство и проширување Вархеји.

Лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во Софија ќе заврши со заеднички изјави за медиумите на копретседавачите премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, заедно со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел. Поради ограниченото време на лидерите, на изјавите не се предвидени новинарски прашања.

Share
Scroll to Top