Вандали го уништиле натписот „Битола“, еден од омилените симболи во градот

пред 3 години

Во Битола утрово е забележан нов вандалски чин, односно уништен е натписот „Битола“, кој за кратко време стана препознатлив за градот, информираат локалните власти.

„Овој натпис се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите, но вандалски е уништен. Искршени се дел од буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција“, се наведува во соопштенито во кое се додава дека во моментов се врши увид на терен, по што ќе се преземат соодветни мерки за санација.

Пред само неколку денови, општинските власти во Битола испратија апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните добра, откако масовно беше регистрирано уништување на автобуските стојалишта, а претходно и терминал на ЈП „Паркинзи“.

„Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, кои што се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат“, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top