(Видео) Андоновска: Сликата на македонското здравство е поразителна

пред 3 години

Осврнувајќи се на состојбата во македонското здравство членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска оцени дека истата е како што рече поразителна.

„Според проценките околу 10 илјади граѓани заминаа за соседна Србија за вакцинирање. Вакцините кои стигнаа во Македонија се само една капка во морето. За кого попрво тие вакцини? Се уште не се имунизирани здравствени работници, доктори, сестри, болничари, лаборанти, фармацевти, стоматолози и луѓе кои работат во здравството. Вакцини чекаат и повозрасните граѓани, чекаат и хронично болните. Ваквата катастрофална состојба во здравството е резултат единствено на неспособноста на Филипче и Заев кои наместо грижа за граѓаните и организирање на системот си се возат безгрижно со мотори, уште и бесрамно си се сликаат“, вели Андоновска.

Таа упати прашање до министерот за здравство.

„Го прашуваме Филипче зошто не прифати ниту една мерка која ја предлагаше опозицијата, а ги имаше многу? Зошто не се направија тријажни центри и дневни болници во сите општини? Зошто не се ангажираше невработениот здравствен кадар кој е околу 3000 во Агенцијата за вработување, кога знаеме дека не се проблем само кревети во болниците, туку недостасува персонал? Зошто и после повеќе од година дена откако почна пандемијата се уште нема довод за кислород во модуларната болница во Струмица и зошто модуларната во Штип се уште не функционира? Зошто приватното здравство не се ставено во функција на јавното како што беше најавувано?“, запраша Андоновска.

Според неа во државата секој ден има по 30-тина починати, а бројката на новозаболени дневно како што рече е четирицифрена.

Рече дека одговорност за секој еден човечки живот, мора да има.

Share
Scroll to Top