(Видео) Василевска: Бришењето на историјата како училишен предмет се совпаѓа со квислиншките политики на Заев

пред 3 години

Бришењето на историјата како училишен предмет се води во исто време со квислиншките политики на оваа владејачка гарнитура, рече денеска на прес-конференција, Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Информациите кои пристигаат се во насока на тоа дека Зоран Заев подготвува замена на членовите на комисијата за историски прашања, со цел поставување негови политички поддржувачи кои што ќе прифатат политичко, наместо научно решение. Тргањето на историјата од основното образование, се случува истовремено кога сиот народ прашува што содржи понудата напишана од Заев до Софија“, истакна Василевска додавајќи дека премиерот ја крие содржината на нонпејперот, која што, како што кажа, не би можела да биде подалеку од содржината на скандалозното интервју дадено за бугарски медиум.

Според неа, историјата ги содржи сите одговори за она што е содржано во битот на еден народ и едно современо општество и во која насока истото треба да се развива.

„Бришењето и менувањето на историските факти заради дневно политички потреби на Зоран Заев, воедно со се тргањето на предметот историја како засебен училишен предмет, е проект кој што не смее да помине“, порача Василевска која побара отворање на широка и детална јавна дебата.

Share
Scroll to Top