(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара градење на национален став за реформите во образованието

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ бара градење на национален став на темата реформи во образованието. Партијата бара предложениот концепт веднаш да се повлече и да се пристапи кон креирање на нов после опсежни консултации со сите релевантни фактори во образовниот систем.

„ВМРО-ДПМНЕ бара да се напушти концептот на интегрирање на предмети особено на предметите историја и географија. Предлагаме да се формира работна група од сите релевантни чинители во образовниот систем, вклучувајќи ги и стручните тела на политичките партии кои ќе го земат во предвид следното: реформата во образованието да почне со изработка на нови наставни програми, учебници и материјали за наставниците, новите учебници да содржат интегрирани теми и содржини од сите предмети и да се изработат и дигитализирани учебници и наставни материјали по сите предмети“, изјави Весна Јаневска.

Исто така, ВМРО-ДПМНЕ бара да се посочат дополнителни материјали и референци кои наставниците ќе ги користат како проверени извори при реализирање на наставата, паралелно да се побара реформа на наставничките факултети заради усогласување со новата реформа, да се одржи обука на наставниците од страна на релевантни стручни институции и да се изготви анализа и детален финансиски план за спроведување на реформата.

„ВМРО-ДПМНЕ бара и да се доопремат кабинетите во сите основни училишта на територијата на Македонија. Да се направи план за инклузија на децата со посебни образовни потреби. Да се направи план за инклузија на децата од социјално загрозените семејства и маргинализираните групи. Треба да се обезбедат просторни и материјални услови за започнување на реформата. Предлагаме во првиот период да се посветите на тоа“, рече Јаневска.

Таа вели дека реформата треба да започне со инплементација кога ќе се исполнат сите горенаведени услови.

Share
Scroll to Top