(Видео) Костадиновска: Законот за заштита од дискриминација е потврда на заложбите за градење фер општество

пред 3 години

Законот за спречување и заштита од дискриминација е потврда на заложбите на СДСМ за градење фер општество, изјави пратеничката Бисера Костадинова, откако вчера парламентарното мнозинство го усвои Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација.

„Ова законско решение обезбедуваме ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација. Она што е важно е фактот што новиот Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од граѓанските организации кои се занимаваат со прашањата од оваа област. Со Законот за спречување и заштита од дискриминација, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација“, изјави пратеничката.

Истовремено, одаде таа, овој Закон има за цел да го зајакне и капацитетот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и проширување на нејзините надлежности во делот на превенција.

„Критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, чија основна грижа ќе им биде заштитата на граѓаните“, изјави Костадиновска.

Share
Scroll to Top