(Видео) Николоски до Заев: Грешка е што потпишавте договор со Бугарија

пред 3 години

Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во Собранието на пратеничко прашање до Зоран Заев истакна дека власта направи грешка што  потпиша договор со Бугарија со кој историјата одлучува за иднината на Македонија, односно со историската комисија му е дадена можност на секој бугарски премиер кога сака да ја блокира Македонија.

„Мислам дека е огромна грешка, договор во кој што директно зависи европската перспектива на Македонија да се стави историска комисија на тој начин да му се даде ас во рака не само на Борисов туку на било кој иден бугарски премиер да ја блокира Македонија како што сме блокирани во моментов и тие да можат да имаат легитимно право да излегуваат со договорот во раце и да речат дека комисиите не напредуваат со својата работа затоа што двете држави се согласиле да има ваква историска комисија. Тоа е апсолутна грешка и е недозволиво на Балкан да се направи таква грешка односно да се стави историска комисија во договор кој што ќе зависи европската иднина на Македонија“, потенцира Николоски.

Тој истакна дека е добро да се постигнуваат договори, но многу е важно какви договори се постигнуваат, односно дека тие договори не треба да бидат по секоја цена треба да се во интерес на Македонија, а за жал неколку одредби во овој договор не се такви.

„Македонскиот народ е ставен пред невозможна мисија, или национално да се обезличи односно  да прифати нешто што не е или да не напредува кон Европската Унија. Во таа насока не можам да се согласам дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја , прецизна е формулацијата во договорот и со истата не се слагам која вели дека има заедничка држава помеѓу двете држави и нивните народи. Не пишува двата народи, не пишува кои народи што отвора голем простор во преамбулата за манипулации од бугарска страна, особено во услови кога се во ЕУ, ние надвор и имаат повеќе сила да прават проблеми и не губат ништо и можат само да добијат“, нагласи Николоски.

Share
Scroll to Top