(Видео) Пенков: Власта не може да го реши проблемот со аерозагадувањето

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест во Неготино каде го искажаа огромното незадоволство од работата на власта предводена од СДСМ. Пораките кои пратеникот Златко Пенков ги пренесе се следните: „Веднаш да се прекине со распродажба на националните интереси. Време е за национален консензус при што ќе се постават црвени линии, да не се случи и со Бугарија манипулативен договор Зошто се молчи? Се подготвува ли сличен Преспански Договор со искривување на историјата, јазикот и идентитетот. Ние сме македонци од Македонија и не можеме да бидеме ништо друго“.

Според него, состојбата со пандемијата со корона вирусот е вон контрола.
„Од ден на ден бројот на заразените расте. Се повеќе се шири и во нашата општина, но ниту се вршат епидемиолошки анкети, ниту се издаваат решенија за изолација, ниту се идентификуваат контакти. Се е оставено на совеста на граѓаните, а надлежните постојано ги обвинуваат самите граѓани за ситуацијата.Состојбата во образованието е алармантна. Дали некој во општина Неготино има точна бројка колку деца поради немање на компјутери не следат настава, иако основното и средното образование се задолжителни? Постои ли алтернатива за овие деца или едноставно ќе ја прескокнат оваа учебна година?

Доста е со водење на економска политика која има за резултат сиромаштија и беда на нашите граѓани, работници, земјоделци, вработени во угостителството, туризам, текстилни работници. Секојдневно се задолжуваме, а парите од задолжувањата неадекватно и недомаќински се трошат“, вели тој.

Пенков во своето обраќање посочи дека доста е од партискиот реваншизам, притисоци, мобинг и селективна правда кои се присутни како на централно така и на локално ниво како и доста е за партиските вработувања каде единствен услов е да имаш партиска книшка од СДСМ доста за тендер демократија, каде тендерите се делат по партиски клуч на заслужни членови на партијата на власт.

„Време е ПР малку да се намали, од добар ПР граѓаните не можат да живеат, туку само од конкретни проекти. Ако милиони евра влегле во општина Неготино, граѓаните имаат право да знаат каде се вложени, дали во водоснабдувањето или во средувањето со паркинг местата или можеби е некоја инвестиција со нови работни места? Или можеби решавање на проблемот со аерозагадувањето и креирање на здрава, еколошки чиста животна средина, рече пратеникот.
Пратеникот Пенков порача дека македонскиот народ заслужува подобро утре, граѓаните на Неготино заслужуваат подобра власт и секој граѓанин заслужува достоинствен живот“, додаде тој.

Share
Scroll to Top