(Видео) Талески: Со„Акција 21” следува зајакнување на сите капацитети кои се борат со високата корупција

пред 3 години

Со „Акција 21” следува зајакнување на сите капацитети кои се борат со високата корупција, новата 2021 година ќе биде антикорупциска година, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ. Тој кажа дека борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

„И во оваа година продолжуваме со реализација на препораките од ГРЕКО. Во соработка со УСАИД во првите шест месеци од годинава ќе се спорведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници, со цел подобро воочување на евентуални слабости во поединечните сектори со што корупцијата ќе се превенира навремено. Започнува реализација на проекот за Интероперабилност меѓу антикоруцписките институции кои одговараат пред Владата. Со овој проект се овозможува безбедна и ефикасна размена на податоци по елелктронски пат за предмети поврзани со корупција. На овој начин се очекуваат брзи и ефикасни рзултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција“, изјави Талески.

Тој кажа дека веќе никој нема да смее да затајува, забавува и закочува случаи во кои постојат сомнежи за корупција. Се разбира, додаде тој, тоа нема да значи и осудување однапред, туку извршување на задачите и обврските сите информации веднаш да бидат предадени до надлежните институции, за да има брза завршница на процесите.

Талески најави дека следува зајакнување на правниот систем преку доекипрање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, што, според него, ќе придонесе зголемување на ефикасноста на борбата против корупцијата и криминалот преку брзо решавање на предметите.

„Оваа година се воведува и електронски систем за инспекција, односно „Е-инспектор“, алатка што ќе овозможи електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под надлежност на Инспекцискиот совет. На овој начин ќе се намали субјективното влијание на инспекторот во спроведувањето на инспекцијата. Ќе се креира единствен регистар на недвижности за сѐ што е во државна сопственост, како и регистар на подароци, со што ќе се зголеми и нивото на одговорност на носителите на јавни функции“, изјави пратеникот од СДСМ.

Share
Scroll to Top