Владата донесе одлуки за именувањa: Фондот за здравство и ПИОМ добија нови в.д. директори

пред 3 години

Владата на денешната седница донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

Како што информираат од владината прес-служба одлуките се донесени врз основа на предлозите на владината Комисија за именувања.

„Согласно овие предлози, Владата ја прифати оставката на Борче Хаџиев, и го разреши од должноста директор на Фонд за осигурување на депозити, на негово барање, а за в.д. директор го именуваше Амир Шабани.

Прифатена е оставката и на Армир Садики, од должноста в.д. директор на Бирото за јавни набавки, и за директор на Бирото е именуван Борче Хаџиев.

Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, за в.д. директор на Фондот да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик директор да го избере Шаип Зенељи.

Прифатена е оставката на Орхан Рамадани од должноста директор на Фондот на здравствено осигурување и Фатон Ахмети е именуван за в.д. директор на Фондот, до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.

Владата го именуваше и Бесир Деари за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за индустриска сопственост“, се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top