ВМРО-ДПМНЕ и денеска на протест

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во Скопје, денеска со почеток во 12:30 часот, кој ќе заврши пред зградата на Владата.

„Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна. Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик“, наведуваат од партијата во најавата за протестот.

Од таму посочуваат дека поради епидемијата, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ „Борис Трајковски“ во општина Карпош и СЦ „Јане Сандански“ во општина Аеродром.

Share
Scroll to Top