ВМРО-ДПМНЕ: Половина раководство на СДСМ бара смена на Заев и се срами од него

пред 3 години

Заев да си гледа во сопствениот двор и фактот што половина раководство му бара смена и се срами од него, наместо да врши дефокус од распродавањето на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако денес СДСМ порача дека Мицкоски успеал најбогатата партија во Европа да ја доведе до стечај.

„За долговите ги повикуваме да ги праша тие што му седат во скутот на Заев и работат за него со цел спас на неговата фотелја. Воедно да го прашаат и за Кацарска судството и Рускоска обвинителството за притисоците и уцените кои ги вршат врз ВМРО-ДПМНЕ. Но залудно, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа политика на свиткана кичма и компромиси со криминали не правиме“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се предупредува дека на повидок е најнов скандал за водење на тајни разговори во Софија каде се распродава идентитетот, јазикот, историјата.

 

Share
Scroll to Top