ВМРО-ДПМНЕ: Предавничките политики на Заев не може да ги испере ниту една прес-конференција на Кузеска

пред 3 години

Предавничките политики на Заев не може да ги испере ниту една прес конференција на Кузеска, макар излегла и облечена како Сирма Војвода, реагира ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став за клучните прашања и шират лажни вести.

„СДСМ се во очај. Како расте нервозата, така и лагите во прес конференции им зачестуваат. Лажниот патриотизам не може да ги испере сите предавнички политики на Заев. Богданка Кузевска и како Сирма војвода да излезе на прес конференција и уште 100 пати да каже Мицкоски е крив нема да може да ги покрие анационалните изјави на Заев. Факт е дека Заев пред недела дена говореше дека е блиску до договор со Бугарија во услови кога официјална Софија испраќаше негаторски барања. Факт дека Заев изјавуваше дека Македонците и Бугарите се ист народ кој нема само споделена, туку заедничка историја. Факт е дека Заев ги омаловажи и македонските партизани и антифашистичката борба на македонскиот народ, говорејќи дека овде во втората светска војна Бугарија била администратор и дека ги ослободувале Куманово, Крива паланка и Скопје.
Факт е дека Заев велеше дека Гоце Делчев не се борел само за Македонија, потврдувајќи ги позициите на бугарските историчари“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, велат дека факт е дека Заев вршеше притисок врз историската комисија да ги прифати барањата на бугарската страна, во кои видовме дека придавката „македонски“ се бараше да се изостави.

„Факт е дека Заев велеше дека говорот во Струмица или Петрич бил ист и ја постави дилемата дали е тој можеби бугарски јазик. Факт е дека Заев се колнеше во жиците и во најмилото, па потоа излажа. Единствено кое кај Заев е константа е дека СДСМ не се патриотска партија и не им приличи да бидат патриоти кои ќе стојат зад македонските национални и државни интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што Заев не успеа во своето пазарење, додаваат од таму, е поради силната реакција и спротивставување на народот, опозицијата, МАНУ, УКИМ, историчарите и лингвистите, па и членовите на СДСМ кои му се спротивставија.

Share
Scroll to Top