ВМРО-ДПМНЕ: Се ближиме кон сезоната на грип, болниците ќе бидат преполни, а нема ниту вакцини

пред 3 години

„Црвениот аларм одамна е прегорен. Заради неспособноста на Заев и Филипче само во текот на вчерашниот ден имавме 317 новозаболени од корона вирус. Македонија тоне, а народот е во страв, затоа што власта на време не си ја заврши работата и не го организира општествoто.Филипче кога вели дека одиме кон есенски бран, треба да знае дека Македонија не излегла од пролетниот бран. Коронавирусот во Македонија е континуирано присутен на кризата до денес. И тоа е единствено вина на Заев и Филипче, кои несериозно го сфатија вирусот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, дополнително загрижува фактот што се ближиме кон сезоната на грип, болниците по обичај ќе бидат преполни, а нема ниту вакцини против грип. „Поради неспособноста на Заев и Филипче ќе имаме општ хаос во болниците низ државата. Ако сега имаме над 300 заболени на ден, колку треба да очекуваме за месец или месец и половина од сега?! Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека коронавирусот е сериозна опасност и дека тој не се лекува со прес конференции и евтин ПР?! Тоа можеби носи поен плус на нивното политичко конто, но никако не носи сигурност за граѓаните. СДСМ мора да сфати дека за справување на пандемија од светски размери е потребна сериозна стратегија и широка општествена вклученост на сите релевантни чинители. Заради игнорантскиот однос на власта, граѓаните само тонат и живеат во страв“, се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top