Во Македонија се хоспитализирани 1.271 пациенти позитивни на коронавирус

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.271 лице и има речиси 240 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болниците во Скопје хоспитализирани се уште 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 477 пациенти.

Во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 43 болни, а во Куманово 96 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп – 99, во ковид-центарот во Гостивар – 73, а во Струга – 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани – 17 во Кичево – 13, Кавадарци – 53, во Гевгелија – 13 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Share
Scroll to Top