Во Чаир уапсен 15-годишник осомничен за тешки кражби

пред 3 години

Скопската полиција на подрачјето на Чаир уапсила 15-годишник, поради сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“.

Во разговор, тој ги признал делата во продажен објект и во аптека, направени на 13 август годинава.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Share
Scroll to Top