Градоначалникот на Бутел позитивен на Ковид-19

пред 4 години

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски, објави дека е позитивен на Ковид-19. „И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав, веднаш направив тестирање на Ковид-19 и тој е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не ги0 потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом ,консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате“, објави Смилевски на „Фејсбук“.

Share
Scroll to Top