Град Скопје со помош за настраданите во катастрофалните земјотреси во Хрватска

пред 3 години

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница, донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриње и во Загреб, во кои има човечки жртви и  се повредени повеќе лица.
 
„Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот Петриње и еден милион  денари за градот Загреб, износ кој го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики. Градоначалникот на седницата изјави дека Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви  катастрофи и затоа во кординација  со сите советнички групи во Град Скопје е свикана  вонредна седница на Советот за да им се додели  помош на пријателите од  Загреб и од Петриња“, се вели во соопштението.
 

Share
Scroll to Top