Демократскиот сојуз: На странските државјани не треба да им се дозволува влез без ПЦР тест

пред 4 години

Демократскиот сојуз укажува на потребата рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот Ковид-19, да се усогласат со мерките на Европската Унија (градирање на државите и регионите во црвена, портокалова и зелена зона). Во оваа насока, партијата смета дека влез на странски државјани во земјава треба да се дозволува само со ПЦР тест, доколку тоа го бараат и земјите членки на ЕУ. „ДС е за слободно движење на луѓето и капиталот, но во услови на пандемија, државата мора да презема мерки и на граница при влез на наши и странски државјани (мерење на температура, ПЦР тестови и слично). Поради високиот процент на инфицирани од Ковид-19, неопходни се дополнителни заштитни мерки и во внатрешноста на државата, како и почитување на препораките на здравствените власти и одржливи мерки за функционирање на здравствениот систем“, велат од Демократскиот сојуз. Во превентивните мерки, како што додаваат, треба да се вклучат и поличките партии, верските заедници, училиштата, компаниите, како и сите државни институции.

Share
Scroll to Top