Затворен локал во Гостиварско кој работел после 21 часот

пред 3 години

Инспекторите затворија угостителски објект во селото Врапчиште бидејќи, и покрај забраната, работел по 21 часот.

„На 13.11.2020 во 23,00 часот во СВР Тетово било пријавено дека угостителски објект во с.Врапчиште сопственост на И.З(38) од с. Врапчиште од полициски службеници бил затекнат дека истиот е отворен и во него бил И.З. со неговиот малолетен син и М.М.(52), И.Џ.(52), Д.С.(49) и А.И.(35) сите од с.Врапчиште, при што истите постапиле спротивно на здравствени прописи за време на епидемија“, велат од МВР.

Од инспектор од Државниот пазарен инспекторат бил извршен увид и објектот бил затворен со налепница. Увид е извршен од екипа од Полициска станица Гостивар.

Share
Scroll to Top