Затворен локал во Петровец што не ја почитувал забраната за работа по 18 часот

пред 3 години

Скопската полиција, вчера, за време на првиот ден од завраната за работење на угостителските објекти по 18 часот, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршила контроли во 257 угостителски објекти.

Како што информираат од МВР, при контролите констатирано било непочитување на работното време во локал на подрачјето на Петровец.

Со ова, сопственикот на локалот М.З., од село Петровец сторил кривично дело по член 206 од Кривичниот законик.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, а М.З. бил приведен во полициската станица Гази Баба.

Share
Scroll to Top