Затворен ресторан во селото Бојане – 80 гости фатени на прослава

пред 3 години

Вчера во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 297 објекти. Од преземените мерки и активности констатирани се непочитувања на законите на подрачјата на Бит Пазар, Сарај и Аеродром, каде бјектите се затворени, а ќе следуваат и соодветни кривични пријави.

Па така вчера во 18:20 часот во  објект на ул.Отокар Кершовани, сопственост на А.Ш.,затекнати се гости, по што објектот е затворен, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од КЗ. Во ресторан во с.Бојане сопственост на Б.Б. биле затекнати околу 80 гости, кои присуствувале на прослава. Прославата е прекината во 16:30 часот, по што објектот е затворен, а ќе следува и соодветна кривична пријава.

Во 19 часот во угостителски објект на ул.Венијамин Манчуковски се затекнати 9 лица-гости и објектот е затворен од страна на инспекторатот, а одговорното лице Ј.Н. е приведено и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира полицијата.

Share
Scroll to Top