За еден ден во Сарај казнети 122 лица во сообраќајот

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на општина Сарај изречени се вкупно 122 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 20 лица, 37 технички неисправни и нерегистрирани возила…

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top