За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

пред 3 години

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до 18 октомври пријавени се 49 смртни случаи од коронавирус од 16 градови, што е зголемување од 58,1% во однос на минатата недела.

Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, девет лица на возраст од 50-59 години и два смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.

В извештајниот период тестирани се вкупно 13.213 лица, а регистрирани сe 2.676 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 19,3% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 години (20,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49  години – 19,5%, 20-29 – 17,6%, над 60 години – 17,5% и 50-59 години – 16,6%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 3 %) и од 10-19 години – 5 отсто.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 20,3%.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, регистрирани се 96 (7,3%) хоспитализирани, а кај 305 (23,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 470 (35,9%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 26 (2,0%) лица со историја на патување во последни 14 дена.

По добиени два негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.089 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 25% повеќе во однос на минатата недела.

Share
Scroll to Top