ИВЗ по средбата со Ангелов: Не го осудивме скандирањето „УЧК“

пред 3 години

Исламската верска заедница не го осудила скандирањето „УЧК-УЧК“, како што тврдеше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

ИВЗ реагира по средбата, коментирајќи дека националните и историските вредности, како што се оние на ОНА – Ослободителна Народна Армија – или други организации, не биле, и не можат да бидат тема на разговорот на оваа средба.

„Обидот да се земе дел од оваа средба надвор од контекст е пристрасно и злонамерно. Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoвен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ“, се вели во реакцијата на ИВЗ“, стои во обраќањето на реисот Шаќир Фетаи.

Ангелов заедно со заменик директорот Екрем Зендели беа во посета на седиштето на Ријасетот каде што остварија средба со Фетаи. Од ЦУК соопштија дека, меѓудрогото, станало збор и за заедничка осуда на скандирањето „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на протестите и ја подгрева меѓуетничката нетрпеливост и омраза.

Share
Scroll to Top