Кујтим Фејзулај се обучувал во камп за терористи на Балканот, тврди австриски медиум

пред 3 години

Терористот Кујтим Фејзулај (20), кој во терористички напад во Виена уби четири лица, не бил волк самотник. Тој бил тесно поврзан со австриската исламистичка сцена, истакнува виенскиот дневен весник „Естерајх“.

Весникот наведува дека во фокусот на истрагата е џамија во Виена, која, како и Фејзулај, ја посетувале „познати“ исламисти како австрискиот џихадист Мохамед М, убиен во Сирија и Мирсад Омеровиќ, осуден на 20 години затвор за ширење омраза , Лоренц К., Австриец со албанско потекло, кој како малолетник планирал терористички напади во Виена и е во притвор.

Според медиумот, Омеровиќ регрутирал борци за Исламската држава во таа џамија, но има траги што водат кон Германија, како и камп за обука на терористи на територија на поранешна Југославија, каде што често патувал.

Весникот се повикува на досието на Фејзулај, кој беше осуден на 22 месеци затвор за терористичко здружување и беше ослободен предвреме од затвор затоа што ги измами властите, убедувајќи ги дека е дерадикализиран.

Во досието се вели дека младиот човек со македонско потекло е израснат според исламската вера и дека тој станал „салафистички џихадистички поддржувач на политичкиот такфиризам“.

Додадено е дека ова значи дека тој го одобрувал насилството како начин да се наметне вистинскиот пат.

За време на истрагата, по неговиот терористички напад, полицијата уапси 14 лица во повеќе градови во Австрија, кои имале врска со Фејзулај, за кои се смета дека се соучесници.

Исто така во Швајцарија се уапсени две лица кои имале контакт со него.

Тој изврши терористички напад со автоматска пушка од производството на фабриката за оружје „Застава“.

Полицијата сега истражува како тој ги набавил оружјето и муницијата.

Share
Scroll to Top