Малолетници на возраст од 13 и 14 години приведени за убиство во Струмица

пред 3 години

Струмичката полиција го расчистила убиството на 67-годишна жена од овој град и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници, информираат од МВР.

Од таму информираат дека по добиено сознание во СВР Струмица дека во текот на вчерашниот ден (19 февруари), во куќа во градот се извршени кривични дела разбојништво и силување, извршен бил претрес во куќата на улицата „Балканска“, каде мртва била пронајдена 67-годишната Д.М.

Преземени биле мерки за расчистување на случајот и извршена обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување.

Поради сомнение дека се извршители на кривично дело убиство, вчера во Гевгелија бил уапсен малолетник (13 години), а потоа и 14-годишник од Струмица.

Со цел обезбедување на дополнителни докази, бил извршен претрес во домовите на осомничените.

Во просториите на струмичката полиција, во присуство на педагог од Центарот за социјални работи Струмица, родител и адвокат, извршен е службен разговор со осомничените, при што целосно е расчистено кривичното дело, а малолетниците се предадени во Oсновното јавно обвинителство и во Центарот за социјални работи во Струмица, за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top