Мотоциклист загина во несреќа на обиколницата во Скопје

пред 3 години

Дваесет и петгодишен мотоциклист од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера.

Според информациите на МВР, во 21 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколницата, после клучката Мирковци, Д.З.(25) од Скопје, со мотоцикл „априлија“ изгубил контрола и излетал од патот.

Тој бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнал на повредите.

Од МВР велат дека е извршен увид на местото на незгодата.

Share
Scroll to Top