Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска одржа заедничка прес-конференција со Сојузната министерка за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Плаколм и со Државната секретарка за европски прашања на Република Словенија, Нева Грашич, во рамките на нивната работна посета на Скопје.
На прес-конференцијата, министерот Муртезани ја истакна блиската и пријателска соработка со Австрија и Словенија, нивната континуирана и принципиелна поддршка за европскиот пат на Северна Македонија, како и заедничката посветеност на продлабочување на партнерството во рамките на европската агенда.
Во своето обраќање, министерот посебно изрази благодарност за солидарноста и помошта што двете држави ја пружија при гаснењето на пожарите во земјава, нагласувајќи дека таквите гестови претставуваат вистинско пријателство на дело и израз на европска блискост и заедништво.
Текстот Муртезани: Блиската и плодна соработка со Австрија и Словенија е дел од една поширока европска приказна за заеднички напредок, стабилност и споделени вредности е превземен од МАКФАКС.






