Против 42-годишен жител на гостиварското село Неготино поднесен е предлог за казна за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Обвинетиот, на кого со Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација во траење од 20 дена, на 18 февруари остварил излез од државата преку граничниот премин „Табановце“ и се упатил кон Швајцарија.
Надлежниот јавен обвинител му предложил на Судот да определи парична казна за 42-годишникот кој не ги почитувал здравствените мерки.