Објавен јавен повик за финансиска поддршка на уметниците и културните работници

пред 3 години

Министерството за култура, врз основа на член 2 став (4) од Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 297/20), на својата веб-страницата објави Јавен повик за доставување барање за финансиска поддршка на уметниците и на културните работници.

Предмет на финансиската поддршка на уметниците и на културните работници е еднократна исплата на финансиски средства за период од три месеци, во месечен нето-износ од:

– 14.500,00 денари (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 80.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи),
– 18.000,00 денари (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 60.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи),
– 21.500,00 денари, (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 40.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи).

Јавниот повик трае до 19.12.2020 година, а сите заинтересирани лица на маил адресата на Министерството за култура: [email protected] треба да достават Барање за добивање финансиска поддршка на уметници и на културни работници и Изјава за исполнетост на условите за добивање финансиска поддршка (Образецот на Барањето и образецот на Изјавата се Прилзи 1 и 2 на Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници и се објавени заедно со Јавниот повик).

Исплатата на средствата ќе ја врши Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија врз основа на решенија што ќе ги донесе министерот за култура, а во согласност со член 6 од Уредбата со законска сила за формирање на Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Covid-19 во рок утврден во член 3 од Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници.“

Share
Scroll to Top