Од тетовско Челопек се родителите на напаѓачот во Виена

пред 3 години

Напаѓачот кој синоќа во Виена уби четворица цивили, а повреди седумнаесетмина, Кујтим Фејзулаи е роден Модлинг, Австрија, а неговите родители се од тетовско Челопек, неофицијално велат за „Макфакс“ полициски извори.

Македонското Министерство за внатрешни работи добило барање од австриската полиција за соработка и информации поврзани со терористичкиот напад, а утрово австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер потврди дека убиениот напаѓач во Виена има потекло од Македонија и големо криминално досие.

Министерот Нехамер рече дека напаѓачот, имал 20 години и бил осуден за терористичко здружување.

„Кујтим Фејулаи, на 25 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава“, рече министерот Нехамер.

Фејулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници.

„Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го изврши грозоморниот напад врз невини граѓани“ рече министерот Нехамер.

Тој јави дека биле извршени претреси во 15 станови во околината на напаѓачот.

За македонското потекло на убиениот напаѓач претходно објави главниот уредник на списанието „Фалтер“.

Share
Scroll to Top