Опожарени четири возила во Скопје

пред 3 години

Доцна синоќа на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје настанал пожар во возило, по што се проширил и на соседните возила.

„ Од пожарот биле опожарени патничко моторно возило “киа делта“, сопственост на И.Б.(49); патничко моторно возило “ауди А4“ сопственост на правно лице; патничко моторно возило “форд фиеста“ сопственост на Д.В. и патничко моторно возило “пежо партнер“ сопственост на правно лице“ соопшти МВР.

Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа. Извршен е увид на местото на настанот.

Share
Scroll to Top